Кригла Пиво

Фејсбук проектот на Ожујско пиво меѓу трите најдобри во Европа

Фејсбук проектот „Знаме“ на хрватското Ožujsko пиво влезе меѓу трите најдобри во категоријата „Community Presence“ на европското натпреварување за PR и комуникации на дигиталните медиуми „Digital Communication Awards 2012“. Проектот беше смислен за ЕП 2012 во фудбал што се одржа летово во Полска и Украина каде Ожујско пиво беше официјален спонзор на фудбалската репрезентација на Хрватска.

Фајсбук апликацијата беше стартувана на 45 денови пред почетокот на првенството и сите корисници што ја прифатија учествуваа во креирањето на огромното црвено-бело знаме составено од нивните профил фотографии. Знамето беше составено од 20 големи квадрати, а во секој квадрат имало повеќе од 500-тини профил фотографии. Вкупно во проектот учествувале околу 15.000 лица.

Во втората фаза од кампањата, пред самиот почеток на турнирот, виртуелното знаме било испратено на печатење и на крајот било направено знаме широко 33 метри и долго 18 метри составено од профил фотографиите на сите лица кои ја прифатиле фејсбук апликацијата. Знамето беше развиорено на трибините во Познан каде Хрватска играше против Италија.

Авторот, Петар Павиќ за својот проект изјавува:

Од маркетинг перспектива, проектот поврза „се што е важно за брендот“. Ги спои виртуелната заедница т.е. друштвените медиуми и можеби емоционално најсилната вистинска заедница, навивачите на една фудбалска репрезентација. Чест беше коментарот на стадионот за време на развиорувањето на знамето: „и јас сум на знамето!“ и сл. Со тоа проектот има вредност спрема целната публика сам за себе, а користа за брендот Ožujsko е повеќекратна и долгорочна. Овај проект уште еднаш докажува дека успешниот и ефективен маркетинг на социјалните мрежи во својата основа мора да има добра приказна, се останато е насилно.

Извор: netokracija.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Основач и главен уредник на Кригла Пиво. Дипломиран економист на отсек е-бизнис, преокупиран со интернет маркетинг и нови медиуми. Во слободно време ужива во добро пиво со добра музика или некој спортски натпревар.

Додади нов коментар