Кригла Пиво

Фабрегас во реклама за Estrella Damm

Фабрегас во реклама за Estrella Damm

Ѕвездата на фудбалскиот клуб Барселона, Цеск Фабрегас се појавува во новото видео на познатото шпанско пиво Estrella Damm. Идејата произлегла кога Фабрегас во едно свое интервју изјавил дека негово омилено јадење е јапонскиот специјалитет суши. Estrella Damm како официјални спонзори на ФК Барселона решиле да му пружат едно незаборавно искуство кое потоа добро ќе си го изрекламираат. Фабрегас и неговиот пријател, готвачот Hideki Matsuhisa поминале еден зимски, но сончев ден во рибарски брод ловејќи риба и потоа од неа припремале суши. Нормално, сето тоа зачинето со пиво, фудбал и добра забава.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар