Кригла Пиво

Новиот рекламен спот на Estrella Damm за 2012 година

Ретко се случува реклама од скоро 4 минути да го задржи вниманието на гледачот и дури самиот да посака уште еднаш да ја гледа. Во тоа целосно успеал креативниот тим кој што работел на новиот рекламен спот за шпанското пиво Estrella Damm што ни го сугерираше @alexhris.

Тие секоја година издаваат рекламен летен спот со цела песна на различни локации како Каталуња, Менорка, Форментера, а оваа година е посветена на Мајорка. Во спотот се прикажани дел од културните и природни богатства на овај дел од Медитеранот. Песната во спотот е „You can’t say no forever“ на групата Lacrosse.

Објавено на 08.06.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар