Кригла Пиво

Друштвените мрежи влијаат во изборот на угостителски објекти

Според истражувања, донесен е заклуок дека повеќе од третина потрошувачи употребуваат друштвени мрежи за информирање и донесување на одлуката каде да излезат на пијалок или ручек/вечера.

Друштвените мрежи и изборот на угостителски објекти

Истражувањето е спроведено во Велика Британија на 3.000 испитаници, од кои 61% од испитаниците на возраст од 18-34 години одговориле дека се консултираат со познатите друштвени мрежи за одлуката каде да излезат. Останатите возрасни групи, како што се оние од 35-54 години, друштвените мрежи ги користат дури 31%, а оние над 55 години, само 14%.
Интересно е тоа што одговорите за тоа какви информации бараат на сајтовите со рецензии или друштвените мрежи се следниве:

  • 24% од нив го користат медиумот за барање на попусти;
  • 18% истражуваат за карактеристиките и погодноста на објектот;
  • 17% собираат идеи за тоа каде да излезат;
  • 15% за резервации, во зависност од рејтингот на објектот од останатите корисници.

Гледано од наше искуство, наш заклучок и препорака за угостителските објекти во Македонија е дека потребно е истиве да ги следат рејтинзите, рецензиите и коментарите за нивните ресторани, кафулиња, клубови итн. токму поради богатството на информации кои овие мрежи ги содржат, директно од самите корисници и посетители. Причината за ова е креирање на соодветна интернет маркетинг стратегија и пристап кон овие друштвени мрежи, како и подобрување и унапредување на своите услуги во зависност од искажаното задоволство на корисниците. Време е и ние повеќе да посветуваме внимание на корисниците кои неуморно ги следат новите медиуми за подобрување на корисничкото искуство и бирање на објект каде да го поминат слободното време и да добијат премиум услуга.

Извор: thedrinksbusiness.com, фотографија: creatrixmarketing.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Магдалена Јовеска е дипломиран економист на отсек е-бизнис. Практичните и работните ангажмани ги има остварено во полето на интернет маркетинг, едукативен консалтинг и нови медиуми.

Додади нов коментар