Кригла Пиво

Чудовиште од дизајн во минималистичка форма – Loch Ness Brewery

Веќе може да претпоставите дека Loch Ness пиварницата е лоцирана во близина на истоименото езеро во Шкотска каде според верувањата живее познатото водно чудовиште Nessie.

Задачата на специјализираната маркетинг агенција за craft пива Thirst не била воопшто лесна, да создадат дизајни и визуелен идентитет кој треба да го отсликува чудовиштето од Лох Нес меѓутоа во конотација која е примамлива за пивопијците и која што нема да ги има страшните и големи заби, очи и сè она што е препознатливо од митовите за Nessie, а во исто време да се внимава тоа да не чини премногу бидејќи сепак се работи за мала микро пивара.

Резултатот на крај како што може да се уверите и сами навистина е одличен и сигурно нема некој кој што не би сакал да проба некое од овие пива 🙂

Извор: Ohbeautifulbeer.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар