Кригла Пиво

Deskbeers: Секој петок, пиво директно во вашата канцеларија. Доколку работите во Лондон.

Дали вчера после работа бевте на пиво со колегите? Вработените во Лондон сега имаат можност да добиваат локални craft пива во своите канцеларии секој петок при крај на работно време преку Deskbeers.

Deskbeers: Пиво директно во вашата канцеларија

Целта на Deskbeers е да им го олесни изборот и пристапот на вработените и да можат да уживаат во ново пиво секој петок. Барем во Англија, во петок постои поопуштена атмосфера на работните места и на вработените им е дозволено да консумираат алкохол како награда за напорната работа во текот на целата недела.

Deskbeers соработува со локалните пиварници кои произведуваат квалитетни craft пива и им ги доставува на вработените на лице место за да не мора самите да набавуваат од супермаркетите. Дополнително, ги поттикнува вработените да пробаат поразлични пива од стандардните кои ги консумираат секојдневно. Цената на пивата е иста, дури и помала отколку сами да ги набавуваат вработените, а плус добиваат и испорака. Засега дистрибуцијата на пиво е достапна само во петок и само во главниот град на Англија. Не се знае, можеби некогаш и кај нас ќе има нешто слично.

Извор: http://www.springwise.com/weeks-hard-work-local-craft-beer-delivery-offices-friday-afternoon/

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар