Кригла Пиво

Денови на пивото во Карловац 2012

Од 24-ти август до 2-ри септември по 26-ти пат во Карловац, Хрватска ќе се одржи најстариот пивски фестивал на Балканот „Karlovački dani piva“.

Денови на пивото во Карловац 2012

Цели 10 денови на просторот од спортско-рекреативниот центар „Корана“ ќе се пие разновидно пиво, ќе се ужива во големиот избор на храна, а малолетните посетители ќе уживаат во карловачките переци кои станаа еден од заштитните знаци на фестивалот. Како што можете да видете од флаерот, музичкиот избор е разновиден со неколку познати екс-ју имиња. Од познатите бендови би ги издвоиле Прљаво Казалиште, Забрањено Пушење и Црвена Јабука.

Главен спонзор е Карловачко пиво кое на сите посетители од Загреб ќе им обезбеди бесплатен воз во петокот и саботата сакајќи гостите да уживаат и да имаат сигурен превоз за назад. Во нивниот шатор што ќе биде поставен на манифестацијата ќе си има посебна музичка и забавна програма.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар