Кригла Пиво

Денеска е меѓународниот ден на пивото

Меѓународен ден на пивото

Денеска е меѓународниот ден на пивото кој ќе биде прославен веќе 6-та година. Овој ден се слави секој прв петок во месец август и веќе стекна мала традиција помеѓу љубителите на пивото. Денеска би требало да наздравите со кригла пиво заедно со илјадниците луѓе низ целиот свет кои го слават овој ден. Освен тоа, за да прославите можете да се дружите со вашите пријатели, да подарите пиво, да пробате некое ново пиво, да им се заблагодарите на пиварниците или на шанкерите/келнерите…едноставно, бидете среќни што имаме пиво на оваа планета 🙂

Да се потсетиме на главните цели за славење на овој ден:

1. Да се собериме со пријателите и да уживаме во вкусот на пивото;
2. Да покажеме почитување кон сите луѓе што учествуваат во правењето и служењето на пивото;
3. На овој ден да се зближат луѓето од целиот свет под знамето на пивото со славење на пивата од различните народи и култури.

Меѓународниот ден на пивото беше замислен од Jesse Avshalomov во 2007 година како локален настан во блискиот паб, меѓутоа набрзо идејата се прошири во целиот свет. Погледнете ја мапата во кои места ќе се слави овој ден. Има пријавено и наши местенца 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар