Кригла Пиво

DB Export Dry: Реклама за пиво на шише од вино

Пред некое време пишувавме за кампањата „Кажете му НЕ на виното!“ на DB Export Dry од Нов Зеланд. Сега повторно истото пиво атакува на истата целна публика, момчињата од 18-25 години кои пијат вино само за да се вклопат во друштвото. Тие направија шише од вино кое го насловија „You don’t have to do this“ и кое всушност содржи реклама за DB Export Dry пивото. На задната етикета од шишето го напишаа својот манифест со порака до потрошувачите. Целиот текст ќе можете да го прочитате со кликање на сликата што е подолу.

Накратко, текстот ги подучува мажите како да се ослободат од шишето вино и со негово скенирање да добијат 5 долари попуст на пакување од 12 шишиња DB Export Dry пиво. Според компанијата оваа реклама довела до зголемување на продажбата на пивото од 350% за една недела во продавницата каде што била истакната.

Објавено на 09.05.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар