Кригла Пиво

DB Export Dry: Кажете му НЕ на виното!

Иако сме на почетокот од 2012 година веќе имаме една од рекламите што ќе ја одбележат оваа година. „Кажете му НЕ на виното!“ е кампања на „DB Export Dry“, за нас не баш познато пиво од Нов Зеланд. Главната реклама е сместена во осумдесеттите години кога пиењето на вино во Нов Зеланд на формалните манифестации и состаноци било скоро задолжително. Тоа не им се допаѓало баш многу на мажите кои сега ќе имаат замена во ова пиво кое има свој стил, одличен вкус, освежува, потсетува на добар хумор и може да се пие во секоја пригода.

Освен главната реклама, во продолжение се и трите мини-реклами со мотив дека ништо повеќе не може да застане помеѓу вас и доброто пиво.

The Swirl

The Sniff

The Stall

Објавено на 16.03.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар