Кригла Пиво

CV на пивски шишиња

CV на пивски шишиња

Графичкиот дизајнер Brennan Gleason од Канада смислил генијален начин како да ја презентира својата работа пред идните работодавци. Си направил свое домашно пиво „Résum-Ale“ и го прилагодил своето резиме во картонска кутија во која собира 4 пивски шишиња. Правењето на пивото траело точно 7 недели, а на секое шише имало етикета со негов проект и QR код.

Својот пакет со пиво и резиме ги испратил до повеќе дизајнерски фирми во Ванкувер и добил неколку понуди за работа. На крај ја прифатил позицијата креативен директор во Techtone, дигитална маркетинг агенција.

CV на пивски шишиња

Извор: HuffingtonPost.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар