Кригла Пиво

Corona Extra – колекционерска серија

За промовирање на пролетната кампања на Corona Extra – „Find your beach“ (Пронајди ја твојата плажа), дизајнерското студио Shikatani Lacroix од Торонто креираше 9 различни колекционерски дизајни на шишиња со релаксирачки мотиви од планини, езера, плажи…

Целта на кампањата е да се зголеми забележителноста на пивото на штандовите, да се предизвика внимание кај потрошувачите и нормално на крајот да се купи пивото. Според претседателот на дизајнерското студио ова функционира во реалноста иако нам ни е малку чудно.

Дизајните повеќе личат за безалкохолни пијалоци, ја немаат „машкоста“ во себе и како заклучок не ни се допаѓаат воопшто.

Дали вие би купиле пиво со фенси дизајн на шишето?

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар