Кригла Пиво

Copenhagen – Пиво за жени

Данската пиварница Carlsberg произведе нов бренд на пиво кое го нарече Copenhagen. Она што е интересно за него освен вкусот и квалитетот е стилскиот дизајн на шишето кое што има за цел да ја привлече женската популација која според испитувањата претставува 1/4 од пазарот на пиво. Како што пишува и на нивниот веб-сајт има голем број на потрошувачи особено жени што внимаваат на дизајнот при купувањето на пијалоци. Постојат ситуации кога потрошувачите се во бар и сакаат нивната пијачка да се совпаѓа со нивниот стил инаку би одбиле пиво и би нарачале друг пијалок. Според нив, балансираниот освежувачки вкус на Copenhagen е алтернатива помеѓу белото вино и шампањот и содржи 4.5% алкохол.

Засега ова пиво се продава само во Данска, а се очекува при крајот на оваа и почетокот на следната година да се прошири и на пазарите во Европа и Азија. Подолу го прикачуваме и рекламниот спот за Copenhagen пивото.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

  1. teknuvalo June 22, 2011 во 3:23 pm

    Че и купам на жена ми ко че идам за Данска

Додади нов коментар