Кригла Пиво

Копа Америка на вашиот мобилен телефон

Копа Америка - Мобилна апликацијаДеновиве во Аргентина започна 43-тото издание на Copa America, фудбалското натпреварување на националните репрезентации од земјите во Јужна Америка каде титулата ја брани Бразил. Македонската национална телевизија ги има откупено правата за пренос од натпреварите и претпоставуваме дека нема љубител на фудбалот кој нема да изгледа барем неколку натпревари со добра кригла пиво.

За оние што сакаат да следат подетални информации на нивниот мобилен телефон им ја препорачуваме официјалната апликација препорачана и на официјалниот веб сајт на Копа Америка:

Copa America (Android & iOS)

Прилично прегледна и брза апликација каде може да најдете новости за првенството, новости за секоја репрезентација, тимовите што играат, слики и видеа од нив, распоред на натпреварите, табели, интересни информации, статистика и слично. Наша најголема забелешка е што недостигаат информации поединечно за играчите и информации за стадионите и градовите каде што се игра. Непотребно се вклучени слики и видео клипови од претходните првенства.

Како додаток сугерираме уште една апликација достапна само за Андроид корисниците:
Copa América 2011 (Android)
Оваа апликација содржи подетални информации за тимовите, стадионите и местата на играње меѓутоа бара да имате инсталирано и Layar Reality Browser наместо да ги прикажува информациите во самата апликација. Уште една добра функционалност е можноста за следење на резултатите во живо.

Доколку користите некоја друга апликација што нуди корисни опции слободно препорачајте ни ја во коментарите.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар