Кригла Пиво

Coors Light Iced T – Леден чај со вкус на пиво

После секакви чудни вкусови, во Април на пазарот во Канада ќе се појави Coors Light Iced T –  леден чај со вкус на пиво. Производител е канадската пиварница Molson Coors, a наскоро се очекува сличен производ и од Anheuser-Busch, производителот на Budweiser. Сепак ова не е првиот чај со вкус на пиво на пазарот. Twisted Tea e брендот на чаеви во сопственост на Boston Beer Company кои содржат од 4-5% алкохол.

Coors Light Iced T нема да има кофеин, ќе содржи околу 4% алкохол  и ќе се продава во лименки. Планот на компанијата е да ги освои оние потрошувачи кои повеќе пијат вино, коктели или останати пијалаци со различни вкусови. Според нив, ова е најосвежувачкото алкохолно пиво во светот добиено во комбинација со најосвежувачкиот безалкохолен пијалак.

За жал, тешко дека во скоро време овај леден чај ќе се продава негде во Европа. Или пореално, тешко дека за него би имало поголема заинтересираност на Стариот континент. Чај си е чај, пиво си е пиво. Дури ни Англичаните не би го мешале тоа.

Дали кога би имале шанса вие би купиле ваков производ? Ние, од радозналост би пробале 🙂

Објавено на 29.03.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар