Кригла Пиво

Чоколадно пиво во чоколадна чаша

 Чоколадно пиво во чоколадна чаша

Јапонската пиварница Sankt Gallen пушти во продажба лимитирана серија од нивното чоколадно пиво Imperial Chocolate Stout заедно со чоколадна чаша која може слободно да си ја изедете откако ќе го испиете пивото. Чашата е специјално направена да се топи во вашата уста, но не и додека ја држете во рака. Може да се користи и до пет пати на собна температура пред да си ја изгрицкате чоколадата.

Благата чоколадна чаша добро ќе ви дојде како заблажување спрема ова горчливо темно пиво. Чашата има рок на траење од 2 години.

Чоколадно пиво во чоколадна чаша

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар