Кригла Пиво

Чоколадна торта со пиво

Чоколадна торта со Гинис пивоЧоколадна торта со ирско темно пиво Guinness. Звучи примамливо? Дојде летото и сите сакаме да се разладиме со ладно пиво. Оваа торта нема да ве разлади, но затоа ќе ве заблажи 🙂

Во продолжение рецептот и упатството за подготвување кое се преземени од македонскиот блог за рецепти Ситно Сецкано.

Состојки за тестото:

  • 250 ml гинис
  • 250 g несолен путер, исечен на парчиња
  • 75 g какао
  • 400 g шеќер
  • 142 ml кисела павлака
  • 2 јајца
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 275 g сенаменско брашно
  • 2 1/2 лажички сода бикарбона

Состојки за преливот:

  • 300 g крем сир
  • 150 g шеќер во прав
  • 125 ml хопла

Како се приготвува

Ставете ги пивото и путерот во големо тенџере и загревајте ги додека путерот не се стопи (кујната ќе ви мириса прекрасно додека путерот се топи), па додајте ги какаото, шеќерот и ванилиниот шеќер, измешајте и тргнете го тенџерето од шпорет. Изматете ја киселата павлака со јајцата, додајте ја во тенџерето со пиво, па додајте ги и брашното и сода бикарбоната.

Сипете го тестото во тавче со пречник од 22-23 cm, намачкано со путер или маргарин и обложено со хартија за печење и печете ја тортата во загреана рерна на 180°C околу 45-60 минути. Не ја вадете од тавчето додека не се излади.

Чоколадна торта со Гинис

За преливот, изматете ги крем-сирот и шеќерот во прав, па додајте ја хоплата и матете додека не се згусне. Кога ќе се излади тортата, ставете ја на чинија за послужување и прелијте ја со преливот.

Ситно Сецкано можете да ги следите и на Твитер како @SitnoSeckano

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар