Кригла Пиво

„Чудотворна молекула“ која го штити вашето здравје

Научниците откриле скриен витамин во пивото и млекото наречен „чудотворна молекула“, кој може да ја спречи појавата на гојазност. Новите проучувања открија дека nicotinamide riboside (NR), молекула која индиректно влијае на активноста на метаболизнот на келиите, може да има важна улога во спречувањето на здебелување и дијабетис, подобрување на мускулната издржливост и подобрување на општото здравје, велат научниците од тимот кој работи токму на ова истражување во Швајцарија.

Пиво

Истражувачи од Лозана велат дека резултатите од истражувањата спроведени на глувци биле импресивни. Глувците кои биле потхранувани со витаминот, покажале дека дури за 60% се дебелеат помалку од останатите глувци кои биле изложени на иста високо масна нутритивна диета и не се здобиле со дијабетес, за разлика од другата група.

Заклучокот е дека овој витамин помага во спречување на гојазност и дијабетес, намалување на масните наслаги и забавување на процесот на стареење на клетките. Засега тешко е да се синтетизира, но истиот може да се најде во значително мали количини во млекото и пивото. Па луѓе, бирајте – кригла млеко или кригла пиво.    

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар