Кригла Пиво

Чарли Шин во реклама за безалкохолното пиво на Bavaria


Контраверзниот холивудски актер Чарли Шин се појавува во најновата реклама за безалкохолното пиво на Bavaria притоа шегувајќи се на своја сметка. 46-годишниот актер кој заради проблемите со алкохолот и наркотиците беше избран од популарната серија „Два и пол мажи“, во рекламата излегува од рехабилитација и со својот автомобил се упатува дома. Притоа насекаде забележува како луѓето консумираат пиво дури и на своите работни места. За момент помислува дека халуцинира, но во дворот на својата куќа исто така го пречекуваат пријателите со пиво во рацете. Бесен на нив се упатува назад во куќата каде му е оставено безалкохолното холандско пиво Баварија. Тоа изгледа како создадено за него и одлична можност да наздрави со пријателите.

Објавено на 17.04.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар