Кригла Пиво

Чешки фестивал на пивото – Прага 2012

Чешки фестивал на пивото - Прага 2012

Вчера започна 5-тотo издание на пивскиот фестивал во Прага, главниот град на Чешка. На фестивалот кој ќе трае до 2-ри Јуни, ќе можат да се пробаат повеќе од 70 брендови на чешки пива со најдобар квалитет. Околу 200 момчиња и девојчиња што ќе послужуваат пиво ќе бидат облечени во традиционални фолк костуми. Секој ден ќе има музика во живо, а за викендите забавите се до раните утрински часови. Големиот пивски шатор е со димензии од 40х100 метри и собира околу 10.000 луѓе. Фестивалот се одржува во Holešovice, изложбениот центар во Прага.

Она што е интересно е дека фестивалот си има своја валута, пивски Толар. 1 Толар е 1.8 евра и се продава само во пакување од 5 толари. Ова е воведено со цел да се забрза плаќањето и целокупната услуга на фестивалот. Една кригла пиво е 2 толари или околу 280 денари. Со толарите се купува и храната на фестивалот, но и најразлични сувенири. Кога сме кај храната, да споменеме дека и таа е од најдобрите чешки готвачи и од најдобрите ресторани.

Доколку одите во Прага не заборавајте да ја посетите пивската галерија, Pivni Gallery каде има понуда од повеќе од 180 различни пива од 34 пиварници и голем избор на други пивски сувенири. Музејот на пивото во Прага, всушност е паб каде има повеќе од 30 типови на чешко пиво вклучувајќи и овошни, чоколадни или пива со вкус на карамела. Во музејот можете да пробате и некои од пивските коктели: „Skip and Go Naked“, „Pink Panty Dropper“ или „Beer Hops Bender“.

За повеќе информации можете да ја посетите официјалната веб страна на фестивалот. Na zdraví!

Објавено на 18.05.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар