Кригла Пиво

Cerveza Salta: Рагби пиво

Иако Аргентина е позната по фудбалот и фудбалските мајстори како Марадона и Меси, на северот од земјата во провинцијата Salta луѓето обожаваат рагби. Заради тоа Cerveza Salta се потрудиле на сите љубители на овај спорт да им овозможат уникатно искуство – „The Rugbeer Machine“.

„The Rugbeer Machine“ е автомат за пиво кој е поставен низ пабовите и баровите во оваа провинција. За разлика од сите автомати кои работат само на парички, овај работи на рагби туркање. Автоматот има поставено мерач кој ја мери силата на ударот и доколку е доволно добар и силен си го добивате заслуженото пиво. Ако не, барате помош од поискусните.

Рекордот е 322 удирања/туркања на автоматот во една вечер, двојно повеќе отколку на вистинскиот натпревар. Кампањата која довела до зголемување на потрошувачката на пиво од автомат на голем број пабови за 25% е дело на аргентинската агенција Ogilvy & Mather.

Објавено на 23.05.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар