Кригла Пиво

Цена на пивото низ светот [инфографик]

Каде се пие најефтино, а каде најскапо пиво во светот? На Интернет го пронајдовме овој инфографик кој на прегледен начин ни ги прикажува цените на пивата во различни делови од светот.

Според инфографикот, најефтино пиво од 0.5л можете да консумирате во Украина и Виетнам по цена од 59 центи (околу 26-27 денари), а други земји со ниски цени на пивата се: Србија, Кина, Чешка, Панама и Камбоџа. Спротивно на ова, најскапи се пивата на Блискиот Исток. Како за споредба, едно пиво во Иран е еднакво на 13 пива во Украина.

Од другите информации во инфографикот, интересно е дека најмногу пари за пиво годишно по жител се троши во Австралија – 747.90 долари, додека најмалку во Украина – 74.69 долари. Најмногу шишиња пиво по жител се пие во Чешка, а потоа следуваат Австралија и Германија.

brands of beer

Извор: comparisons.financesonline.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

  1. Johnnie Lustoza July 23, 2014 во 11:07 pm

    Интересен сајт и голема разлика. Мораше да го користите Google преведувач, извинете грешки. Честитки од Бразил.

Додади нов коментар