Кригла Пиво

Целосна програма за Пиволенд 2016

Уште две седмици не делат од почетокот на „Пиволенд 2016“. Она што е најважно за овој фестивал е секако големиот избор на различни пива за дегустација, но добро пиво не оди без добра музика.

Целосна програма за Пиволенд 2016

Пет фестивалски денови кои започнуваат секојдневно во 18:00, а ќе траат се до раните утрински часови. На главната бина ќе може да ги видиме: Нокаут, Дани, Тамара, Тијана Дапчевиќ, Рибља Чорба, Влатко Илиевски и Акустик Дивижн, Чил Плеј, Блек Енд Вајт Социал Клуб, Проџект Орфеус, Јаков Дренковски, Министерке, Ефто Пупиновски, Фолтин, Тотално Опуштање, Флукс, Дј Славе, Дј Глодаракс, Студени Нозе, Трибјут ту Колдплеј, Левис Оркестра и многу други.

Фестивалот секој ден ќе го отвараат победниците од конкурсот за млади бендови. Покрај главната сцена, атрактивен ќе биде и Бла Бла стејџот каде што ќе има учество на најдобрите млади музичари и диџеи од андерграунд македонската сцена. На третата бина ќе преовладува електронскиот звук- техно, хаус, прогресив.
Пивото, музиката и вкусните деликатеси се еквивалент на мотото на фестивалот- „Дојди, види, испиј!“ Пиволенд 2016 по деветти пат на Скопското Кале од 31 август до 4 септември.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар