Кригла Пиво

Carlton Draught: Пивска потера

Денеска на репертоарот имаме потера каква што немате видено досега. Пивска!
После ограбување на банка „нормално“ е да се почестите со по едно Carlton Draught пиво во некој паб. Проблем е доколку пабот е полн со полицајци, па сè што ви преостанува е да почнете да бегате…со пиво во рацете. Доколку успеете да им избегате на полицајците и завршите во отворен бар со многу девојки околу вас можете да бидете среќни како актерите во оваа реклама која е дело на креативната агенција Clemenger BBDO од Мелбурн. Музиката и пораката „Направено од пиво“ на крајот од рекламата одлично се вклопуваат во целото дело.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар