Кригла Пиво

Carlsberg: The Crate Escape

Нова хумористична реклама на Carlsberg која е базирана на познатиот филм „The Great Escape“ („Големото бегство“). Дејствието се одвива во некој спа центар каде група на млади момчиња се „присилени“ од своите девојки да ги придружуваат. Не можејќи да ја издржат тортурата смислуваат план за да си го подобрат престојот во спа центарот и да ги издржат тие тешки моменти за нив.

Гајба пиво и веднаш животот станува поубав. На крајот дури и насмеани се поздравуваат со персоналот. „The Crate Escape“ е дело на лондонската маркетинг агенција „Fold7“, а користена е музиката на Elmer Bernstein од „The Great Escape“.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар