Кригла Пиво

Carlsberg со своја трибина на стадионот од ФК Копенхаген

Carlsberg како еден од најголемите пивски брендови во светот е голем поддржувач на спортот низ целиот свет. Не дека многу сакаат да се расфрлаат со пари, но тие добро знаат дека голем број од таргет потрошувачите им се зависници од спорт.

Еден од клубовите на кој што им се спонзори е ФК Копенхаген од Данска, земјата седиште на Carlsberg групацијата. Досегашната Ц-трибина на „Parken“ стадионот каде што игра овај фудбалски клуб, на 11-ти Март ќе биде именувана по нивниот спонзор-Carlsberg. Во таа чест беше направено огромно шише со пиво кое беше скршено од трибината која се натопени со пиво. Многумина веќе се посомневаа во тоа дали шишето и целиот настан биле вистински?

На отворањето на трибината за првите 5.000 фанови Carlsberg обезбедува бесплатно пиво и грицки.

Благодарност за  твитер сугестијата што доведе до овај запис на нашиот пријател Игор.

Објавено на 28.02.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар