Кригла Пиво

Carlsberg со реклама за ЕП 2012

Carlsberg како официјален спонзор на Европското Првенство 2012 во фудбал што ова лето ќе се одржи во Полска и Украина реализираше нова ТВ реклама која што треба да ги мотивира фудбалските фанови да ја покажат својата пасија и љубов кон нивниот тим. Рекламата „Wearing your Passion with Passion“ е изработена од агенцијата „180 Amsterdam“ и е дел од глобалната кампања која што ја води Carlsberg пред почетокот на првенството во која меѓудругото доделуваат и бесплатни влезници за натпреварите.

За време на целото првенство, Carlsberg ќе им овозможи на фановите да си ги обојат лицата во боите на тимот за кој што навиваат во фан камповите и фан зоните пред стадионите.

Објавено на 19.04.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар