Кригла Пиво

Carlsberg официјално пиво на Премиер лигата

Carlsberg официјално пиво на Премиер лигата

Carlsberg во следните 3 сезони, почнувајќи од сезоната 2013/14 ќе биде официјално пиво на една од најдобрите фудбалски лиги во светот, англиската Премиер лига. Со откупени телевизиски права во повеќе од 200 земји, секогаш полни стадиони и голема популарност помеѓу фудбалските фанови ова е одличен маркетиншки потег за зацврстување на Carlsberg брендот помеѓу потрошувачите на пиво.

Поврзувањето на Carlsberg со фудбалот не е ништо ново за нив со оглед на тоа дека летово беа официјални спонзори на Европското првенство, а во Англија се присутни како спонзори на повеќе фудбалски клубови меѓу кои: Ливерпул, Арсенал, Саутемптон, Стоук, Квинс Парк Ренџерс, Вест Хем, Тотенхем и др.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар