Кригла Пиво

Instagram кампања на Carlsberg

Carlsberg со Instagram кампања: #HappyBeerTime

Carlsberg ја лансираше маркетинг кампањата „Happy Hour 2.0“ односно #HappyBeerTime која го поврзува дружењето на луѓето во баровите со социјалните мрежи. Со оваа кампања, гостите во избраниот бар имаат можност да го продолжат траењето на добропознатиот „Happy Hour“ со постирање фотографии на Instagram со хаш-таговите #HappyBeerTime и #ИметоНаБарот. Придобивки од оваа кампања имаат гостите со продолжено време за да добијат поефтина пијачка, сопствениците на барот кои добиваат бесплатна реклама и Carlsberg кој добива супер содржина и вирален маркетинг.

Кампањата е дело на маркетинг агенцијата Konstellation од Копенхаген, Данска. Останува да видиме како овај концепт ќе се реализира во самите барови бидејќи засега скоро сите фотографии со овој хаш-таг се од промоцијата на кампањата на 31 јануари. Погледнете го видеото во продолжение:

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар