Кригла Пиво

Carlsberg: Академија за фанови

Carlsberg: Академија за фанови

Carlsberg, официјалниот спонзор на европското првенство во фудбал 2012 во Полска и Украина и официјалното пиво на фудбалската репрезентација на Англија ја припреми новата ТВ реклама во пресрет на турнирот – „The Carlsberg Fan Academy“. Академијата има за цел да ги подготви фановите за престојното ЕП 2012 на УЕФА како би им дале поголема поддршка на своите фудбалери.

Во рекламата се појавуваат фудбалските легенди од Англија: Боби Чарлтон, Питер Шилтон, Стјуарт Пирс и Јан Рајт. Освен нив има и други познати личности меѓу кои и Линфорд Кристи, поранешниот атлетичар и освојувач на златен олимписки медал како и телевизиските презентери Дес Линам и Хелен Чемберлин.

Фан академија на Карлсберг

Околу 300 навивачи на англиската фудбалска репрезентација се главните ученици во академијата за фанови на Карлсберг. При дипломирањето, наместо фрлање на капи во воздух се наздравува со чаша пиво. Очигледно е дека оваа хумористична реклама својата идеја ја влече од популарните филмови „Полициска Академија“ во 80-тите и 90-тите години.

Доколку и вие сакате да бидете дел од виртуелната академија на Карлсберг, покажете го своето знаење за фудбалот на следниов линк и пофалете се пред пријателите на Фејсбук. Нема љубител на фудбалот што не би сакал да биде дел од ваква академија!

Објавено на 15.05.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар