Кригла Пиво

Cannibal Corpse со свое брендирано пиво – Amber Smashed Face

Cannibal Corpse со свое брендирано пиво - Amber Smashed Face

Death metal ветераните од Флорида, Cannibal Corpse се приклучуваат на големата група бендови кои што имаат свое пиво. Во соработка со „Three Floyds Brewing Company“ од малото градче Munster во Индијана наскоро ќе го пуштат во продажба пивото „Amber Smashed Face“ насловено по нивната најпозната песна „Hammer Smashed Face“.

Eтикетите на пивските шишиња ги изработил Vince Locke кој што соработува со Cannibal Corpse уште од нивниот деби албум во 1990 година.

Cannibal Corpse со свое брендирано пиво - Amber Smashed Face

„Three Floyds“ пиварата досега соработувала со повеќе музички бендови како Pig Destroyer, Amon Amarth, Municipal Waste, Eyehategod, Pelican и Liar of The Minotaur. Нема информации за точниот датум на излегување на новото пиво.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар