Кригла Пиво

Budweiser: Winnipeg Jets Fan Brew

Канадската подружница на Budweiser е официјален спонзор на канадскиот хокеј тим Jets, кој после 15 години се врати да игра во градот Winnipeg. Во чест на ова враќање тие решија да направат специјално пиво наречено Winnipeg Jets Fan Brew.

За таа цел, Budweiser наполнија 3 големи затворени садови со вода собрана од различни значајни локации во градот. Садовите беа изложени пред првиот домашен натпревар на Jets, а фановите имаа можност да ја „благословат“ водата со допир на садовите која потоа беше искористена за правење на специјалната едиција. Дел од водата беше истурена и на мразот во салата.

Пред правењето, Budweiser ја тестираа водата дали е чиста и погодна за производство на пиво. Целиот процес е собран во видео кое трае околу 4 минути:

Објавено на 09.03.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар