Кригла Пиво

Budweiser: Реклама во магазин како грамофонска плоча

Во 70-тите години, промовирањето на песна во магазин со грамофонска плоча не било воопшто чудно. Но, тоа да се случи денеска ќе предизвика доста внимание. Тоа им беше познато на „Anheuser-Busch InBev“ производителот на Budweiser и заради тоа се решија на таков начин да ја промовираат соработката со Will.i.am, фронтменот на Black Eyed Peas во Бразил. Тие креираа специјална страна во магазин што се однесува како грамофонска плоча и која може да се стави на грамофон и да се слуша новата песна од Will.i.am „Great Times“.

Замислата и реализацијата е на креативната агенција „Agência Africa“ од Сао Паоло. Одлична идеја да се подзачистат од прашината старите  добри грамофони.

Објавено на 18.05.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар