Кригла Пиво

Budweiser „удри“ по craft пивата

Budweiser „удри“ по craft пивата

Додека пред некој ден сите беа воодушевени од рекламата „Изгубено куче“ на Budweiser за Super Bowl натпреварот, со друга емитувана реклама на овој настан Budweiser го навлече целиот гнев од страна на љубителите на craft пивата. Eден од трите најголеми пивски брендови во САД oчигледно не се штедел во едноминутниот спот да ги исмее и навреди огромниот број консументи на малите и специфични craft пива кои стануваат се попопуларни особено кај т.н. милениумска генерација.

Пораката во рекламата е дека Budweiser е направен за пиење и забавување, а не за анализирање. Во еден неодамнешен напис на Wall Street Journal се тврди дека дури 44% од младите во САД на возраст од 21-27 години никогаш не пробале Budweiser, а нивниот удел на пазарот сега е 7.6% за разлика од пред 5 и 10 години кога имаа 10% односно 14.4% од вкупниот пазар на пиво. Уште почудно е што цело време купуваат craft пивари и се обидуваат да се доближат до овие потрошувачи, па така неодамна конечно ги открија и состојките од кои го прават пивото и ја лансираа „Track Your Bud“ кампањата.

Од друга страна и покрај незадоволството, некои ова го гледаат како бесплатна реклама за сите craft пива кои би требало да го зголемат се повеќе својот дел во вкупната продажба на пиво и да откинат значаен дел од големите пиварници. Бидејќи пред крајот на рекламата Budweiser повикува да се остават овие луѓе да си го пијат нивниот „Pumpkin Peach Ale“ што би дошло ејл пиво од тиква и праска, на социјалните мрежи веднаш се отворија Твитер профил и Фејсбук страна каде се заговара некои мали craft пиварници и вистински да произведат ваков ејл.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар