Кригла Пиво

Budweiser повторно со реклама против craft пивата на Super Bowl

Budweiser повторно со реклама против craft пивата на Super Bowl

Минатата година Budweiser го навлече гневот на љубителите и производителите на craft пива особено во САД со нивната реклама „Brewed the hard way“ на Super Bowl. Очигледно дека тоа не беше доволно, па и оваа година повторно се појавуваат со ново продолжение под името: #NotBackingDown.

Иронија или не, Anheuser–Busch InBev, компанијата која што стои позади Budweiser е значително активна на пазарот купувајќи мали craft пиварници. Не е тешко да се претпостави дека од година во година големите пивски брендови губат значителни суми на пари кои што се прелеваат кај производителите на craft пива, а со тоа и се поголем број на луѓе се префрлаат во консумирање на овие пива.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар