Кригла Пиво

Budweiser со апликација за проширена реалност на NASCAR

Ако сте љубители на автомобили и особено на NASCAR натпреварувањето сигурно ќе ви се допадне новата апликација за проширена (аугментирана) реалност на Budweiser. Технологијата се заснова на Blippar апликацијата која е достапна за Андроид и iPhone/iPad уредите и ви овозможува да уживате во NASCAR со екслузивните содржини како никогаш досега. За пристап потребно ви е со уредот да скенирате некоја од специјално креираните слики на Budweiser како што е прикажано во видеото подолу.

Содржините се засноваат врз возачот со бр.29 Kevin Harvick чија кариера е поддржана токму од Budweiser.

 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар