Кригла Пиво

Budweiser: Фудбал во дискотека

Budweiser Argentina се обиде да спои 2 пасии на мажите, фудбалот и ноќниот живот во уникатен начин за забава – фудбал во дискотека. Идејата  ја претворија во реалност во нивната најнова реклама која е реализирана од маркетинг агенцијата Ogilvy.

Фудбалскиот натпревар се одигра на подиумот во една дискотека, a играчите и судиите носеа специјално креирана светликава фудбалска опрема за да може да се распознаваат во темницата. Со светликав материјал беше означен и фудбалскиот терен, головите, топките и судиските картони. Како и во секоја дискотека присутен е DJ кој пушта музика и млади луѓе кои се забавуваат пиејќи ладно Budweiser и гледајќи фудбал во живо. Дури беше извадена и специјална едиција на пиво што свети за таа прилика.

Одлична идеја која за жал засега е само на реклама. Да се надеваме дека наскоро вакви фудбалски игралишта ќе има во дискотеките ширум светот исто како што се надевавме и за новиот спорт измислен од Budweiser – Poolball.

Објавено на 06.06.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар