Кригла Пиво

Budweiser и Bud Light на Super Bowl 2012

Американскиот производител на пиво Anheuser-Busch е долгогодишен спонзор на Super Bowl натпреварот, а оваа година се претстави со 2 реклами за нивниот бренд Budweiser и 3 реклами за Bud Light. Во споредба со претходните години не поминаа баш најдобро со само една реклама која го сврте вниманието на јавноста. Weego рекламата за Bud Light e второрангирана на изборот од читателите на Usatoday.com веднаш зад Doritos – Sling Baby. Останатите 2 реклами за Bud Light се на самото дно, додека нешто подобро се рангираат рекламите за Budweiser кои се на 25-тото и 36-тото место од вкупно 55.

Bud Light - Weego

Weego e куче скитник (бездомник) и дел од кампањата на Bud Light за помош на овие животни. Со секој добиен „Like“ на Weego на фејсбук тие донираат по 1 долар (најмногу до 250.000 долари) на Animal Rescue Foundation (ARF).

Bud Light – Rescue Dog (Weego)

Budweiser – Eternal Optimism

Budweiser – Return of the King

Bud Light Platinum – Factory

Bud Light Platinum – Work

Објавено на 08.02.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар