Кригла Пиво

Дознајте ги рецептите од сите пива на BrewDog

Доколку некогаш сте се заинтересирале за правење на домашно пиво, сега ќе имате уште еден извор на информации од каде што ќе можете да учите: DIY DOG.

BrewDog, една од најпознатите алтернативни пивари која што се наоѓа во Шкотска одлучи да ги обзнани рецептите од сите нивни пива и со тоа да им даде можност на оние кои што произведуваат домашно пиво да можат да си ги направат нивните брендови, но и да ги подобрат рецептите. Книгата која што содржи 215 пива но и некои интересни трикови за домашно производство можете да ја симнете на следниов линк во .pdf формат.

Двајцата сопственици, James Watt и Martin Dickie изјавуваат дека ова е начин да им се оддолжат на сите свои фанови кои што на различни начини ја помaгаа пиварницата која што започна со работа во 2005 година само со нив двајца, а сега брои над 540 вработени, 44 барови и производство на 134.000 хектолитри пиво.

Извор: brewdog.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар