Кригла Пиво

Наскоро „Breaking Bad“ пиво

Наскоро Breaking Bad пиво

Наскоро популарната ТВ серија „Breaking Bad“ ќе добие свое пиво, налик на „Game of Thrones“. Пивото кое ќе се вика Heisenberg’s Dark ќе го произведува „Marble Brewery“ и ќе биде од типот India Black Ale. Името доаѓа од прекарот на главниот актер во серијата, Walter White кој е познат под тоа име во подземјето блиско со производството и продажбата на дрога во шоуто.

Претходно локацијата на „Marble Brewery“ беше користена за снимање на неколку сцени од ТВ серијата. Последните 8 епизоди ќе започнат да се емитуваат на 11 август, па се очекува околу тој датум да се појави и ова пиво. Ние сме веќе нестрпливи 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар