Кригла Пиво

Бразил дозволи продажба на пиво на стадионите за СП 2014

Во 2003 година беше донесен закон со кој се забранува консумирање на пиво на сите фудбалски стадиони во Бразил заради спречување на насилство и меѓусебни тепачки помеѓу навивачите. Како домаќини на наредното светско фудбалско првенство во 2014 година, Бразил беа под константен притисок од страна на ФИФА за укинување на оваа забрана за време на одржувањето на истото. Причината е што еден од главните спонзори, Anheuser-Busch InBev со нивниот бренд Budweiser како „Официјално пиво на СП“ носат милиони долари кои би биле загубени доколку тие нема да можат да го продаваат своето пиво на натпреварите.

Конечно, на 6-ти Март заседаваше специјалниот комитет кој одлучи во полза на ФИФА, односно за време на СП 2014 ќе биде дозволено да се продава пиво на стадионите во пластични чаши. Сега се чека уште конечната потврда која треба да дојде со потпишувањето на овај указ од страна на претседателот на Бразил Dilma Rousseff за што воопшто не треба да има сомнеж дека ќе биде потпишан.

Продажбата на пиво на стадионите е проблематична и за наредните домаќини. Русија која ќе биде домаќин во 2018 година има сличен закон со кој е забрането продажба и пиење алкохол на стадионите. Додека Катар кој е избран за домаќин на СП во 2022 година има целосна забрана за продажба и консумирање на алкохол освен во мал број пабови и хотели.

Сепак, со оглед на тоа колкави суми на пари се во игра може да се претпостави дека овие прашање биле разрешени уште пред нивниот избор. Сега останува само малку драма да се направи како со случајот во Бразил. Впрочем, сите знаеме дека пивото и фудбалот одат заедно. Кој не би сакал да се напие чашка-две пиво за време на фудбалски натпревар, било да е на лице место, било пред телевизор? Така да, во овај случај ние сме на страната на ФИФА.

Објавено на 18.03.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар