Кригла Пиво

Bluetooth отворач на пивски шишиња

Најпознатиот холандски бренд на пиво, Heineken важи за еден од лидерите кога се работи за маркетинг пристапот што го имаат во рекламирањето на својот производ. Она што е најново од нив е рекламниот спот „The Invite“ чиј што концепт се врти околу социјалните медиуми. Што мислите за тоа да може да ги поканите сите пријатели на забава само со отворање Хајнекен пиво?

Нивната замисла е, bluetooth отворач на пивски шишиња кој што се поврзува на фејсбук профилот од корисникот и автоматски креира настан на кој ги поканува сите негови пријатели. За да биде поинтересна играта, онај што ќе има најмногу пријатели што ќе одговорат дека ќе присуствуваат добива бесплатна гајба Хајнекен пиво за викендот. Звучи добро нели?

Концепцијата на оваа реклама е замислена од двајца студенти, Max Arlestig и Maximilian Gebhardt. Еве го и видеото:

 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар