Кригла Пиво

Да се наоѓаше Битола во Германија, ќе имаше десет пиварници

Следниот петок, на 30 март, свечено ќе се одбележи долгоочекуваното официјално отварање на Пивара Битола која пред две години беше купена од радовишката компанија „Марди“.

Пиварницата е реконструирана по германски проект, опремена е со најнова висока технологија за производство на пиво, која ги задоволува сите еколошки стандарди и моментално е единствена пиварница која строго се придржува кон германската формула за производство на пиво кое ги содржи основните состојки: јачменов слад, хмељ, квасец и вода.

Германските експерти кои учествуваа во проектот за реконструкција на пиварницата велат„Пивара Битола има компаративна предност во производството на пиво пред многу други производители на пиво, не само од Балканот и Европа, туку и на светско ниво. Пред се, станува збор за користењето на кристално чистата пелистерска вода, која се карактеризира со извонредно погодна мекост и истата не е потребно технолошки да се приспособува за користење во процесот на производство. Да се наоѓаше Битола во Германија, ќе имаше десет пиварници.”

Употребата на јачмениот слад во производството на пиво е една од основните компоненти од која се добива основниот екстракт на пивото, затоа Пивара Битола за своето производство користи високо квалитетен јачменов слад.

Хмељот влијае на горчливоста и ароматичниот вкус и ја зголемува пенливоста и трајноста на пивото со своето антисептично дејство. Пивара Битола користи хмељ од словенски производител кој поседува сертификат за висок квалитет добиен од Институтот за хмељ во Жалец-Словенија.

Квасецот е одговорен за ферментацијата на пивото и има големо влијание на карактерот и вкусот на крајниот производ. Германија е водечка земја во производство на квасец со врвен квалитет, кој Пивара Битола го употребува во производство на своите пива.

Соопштение за медиуми, 21.03.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар