Кригла Пиво

Безалкохолно пиво за подобар сон

Ново истражување спроведено од страна на Public Library od Science One (PLoS One) докажува дека ако консумирате безалкохолно пиво со вечера, може да ви помогне да заспиете побрзо, да спиете поцврсто и да бидете посмирени.

Група на шпански истражувачи, го спровеле истражувањето со помош на 17 медицински сестри кои работеле во ноќни смени, за временски период од 14 дена. Заклучокот бил дека со пиење на безалкохолно пиво се намалува времето потребно да се заспие и се намалуваат немирните движења за време на сонот. Со текот на времето било забележано дека безалкохолното пиво влијае и на смиреноста на испитаниците.

hmeljЗабележавте дека неколку пати нагласивме дека се работи за безалкохолно пиво. И така е. Тајната не лежи во процентот на алкохолот, туку во главната состојка на пивото, хмељ. Хмељот делува на централниот нервен систем со зголемување на нивото на познат инхибиторен невротрансмитер.

Совет: немој да претерате и со безалкохолното пиво, затоа што премногу ќе ги активирате бубрежните функции во текот на ноќта 😉

Подетално за истражувањето погледнете на NCIB (National Center for Biotechnology Information), “The sedative effect of non-alcoholic beer in healthy female nurses

Фотографијата е преземена од: Baltimore Sun

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар