Кригла Пиво

Безалкохолно пиво Holsten од Прилепска пиварница

Прилепската пиварница го пушти во продажба првото безалкохолно пиво во Македонија. Holsten е германски бренд на пиво кое има освоено златен медал на престижниот Интернационален натпревар за пива во категоријата безалкохолни или нискоалкохолни пива. Содржи само 24 калории на 100 ml што значи може безбедно да го конзумираат тие што се на диета и тие што планираат да возат.

Холстен нуди изворен богат вкус на премиум лагер, но без присуство на алкохол кој што е отстранет веднаш по процесот на превривање односно ферментирање. Тоа резултира со единствен, освежувачки вкус што ќе претставува новитет на нашиот пазар.

Безалкохолното Холстен пиво ќе се продава во маркети, на бензиски пумпи, сендвичарници и киосци, вклучувајќи ги и тие каде што е забрането продавање алкохолни пијалаци. Засега ќе се нуди во стаклена неповратна амбалажа од 0,33 литри.

Објавено на 11.04.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар