Кригла Пиво

Бесплатно симнете го првиот студиски албум на Револт

Револт

Револт е бенд кој постои од 2006 година, кога бендот започна да компонира и своја авторска музика. Првите настапи ги има низ многубројните локални клубови низ цела Македонија. Со авторска музика има настапено два пати како учесник на Рок фест, 2007 и 2008 година во МКЦ, потоа Демофест 2009 г. во клуб Кастро, гитаријада во Гевгелија и многу други. Бендот има реализирано и неколку телевизиски настапи каде што има презентирано четири авторски нумери кои можат да се најдат на албумот „Времеплов“ кој воедно е и прв албум на бендот.

Албумот „Времеплов“ кој што можете бесплатно да го симнете од следниов линк, се состои од 11 композиции на македонски јазик. Снимен е при крајот на 2011 година, а испечатен како самостојно издание во месец март 2012 година. Музиката, текстот и аранжманот се на Оливер Панев и Игор Панев. Аранжманот на тапаните е на Стојанче (Џои) Грозданов.

Целта на бендот е да го оживее и врати автентичниот рок звук во Македонија, звук кој денеска е измутиран и неоправдано заборавен и се движи (не еволуира) во погрешни правци, ретко со понекоја инвентивна синергија. Бендот се труди да се етаблира со оригиналост и со мултидимензионален пристап кон општествените процеси и животот генерално.

Членови:
Игор Панев – Вокал и бас гитара
Оливер Панев – Соло и ритам гитара, придужни вокали
Стојанче (Џои) Грозданов – Тапани

Гостин на албумот – Блуз Блузовски (клавијатура)
Дизајн на омот – Влатко (Спиди) Здравков

Листа со песни:
1. Времеплов
2. Повторно
3. Догледање
4. Оловни чекори
5. Опстанок
6. Гладен
7. Будење
8. Раскољников
9. Втора шанса
10. Атеист
11. Изгубени сништа (бонус)

Симни албум (Десен клик –> save link as…)

Објавено на 03.05.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

  1. stole May 14, 2012 во 6:05 pm

    Samo edno pojasnuvanje do site FANOVI na REVOLT araжmanot na tapani na albumot VREMEPLOV e Grozdanov Stole- ЏОИ

Додади нов коментар