Кригла Пиво

Бесплатно Budweiser пиво за iPhone корисниците во Ирска

Budweiser апликација за iPhoneИновативната апликација на Budweiser за iPhone корисниците има за цел да привлечи внимание со нудење на намалени и бесплатни пива. Апликацијата Budweiser Ice Cold која е наменета само за подрачјето на Ирска нуди кодови за попуст и за бесплатни пива кога времето ќе достигне одредена температура. На пример, кога температурата ќе биде 16°C или 17°C следува попуст од 1€, при температура од 18°C или 19°C попустот е 2€. Ако температуратурата достигне 20°C добивате гратис пиво. Освен тоа апликацијата ќе ви го лоцира најблискиот паб каде можете да го искористите вашиот купон.

Ова е уште еден од иновативните пристапи што се применува во пивската индустрија со цел да ги натера љубителите на пивото да пробаат Budweiser или да обезбеди дополнителна вредност за веќе постоечките корисници. Скопска пивара? Прилепска пиварница? Каде сте? Вклучете се малку во модерните текови!

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар