Кригла Пиво

Белградски фестивал на пивото 2012

Белградски пиво фестивал 2012

Десеттото јубилејно издание на фестивалот на пивото во Белград оваа година ќе се одржи од 14-ти до 19-ти август на Ушќе. Во чест на јубилејот, оваа година пиво фестот е продолжен за еден ден и ќе трае 6 денови со богата музичка програма каде ќе настапат доста познати екс ју изведувачи меѓу кои и нашите претставници Кирил Џајковски и Влатко Стефановски како и главната ѕвезда, британскиот диџеј Pete Tong.

Изборот на пива е прилично разновиден, а овде би ги споменале: Јелен, Никшичко, Лав, Guinness, Grolsch, Heineken, Budweiser Budvar, Carlsberg, Bavaria, Erdinger, Staropramen, Лашко, Балтика итн. Целата листа на учесници можете да ја видете на официјалниот сајт. Како и минатата година, за жал на фестивалот нема да биде присутен ниту еден македонски пивски бренд. Доколку планирате да го посетите белградскиот пиво фест ќе ви биде од корист и мапата за подобро снаоѓање во фестивалската зона и побрзо наоѓање на пивата што сакате да ги пробате.

Влезот е бесплатен, а во текот на фестивалот ќе има доста натпревари во пиење пиво и слични друштвени активности. Се надеваме дека нема да се повторат ланските инциденти и оваа година сè ќе помине во најдобар ред. Доколку сте слободни и расположени за забава, ви препорачуваме да го посетите Белград и да им го честитате 10-тиот роденден на нашите комшии.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар