Кригла Пиво

Belgrade Beer Fest 2011

Belgrade Beer Fest 2011Деветтиот по ред Belgrade Beer Fest 2011, пиво фестивалот во соседна Србија оваа година ќе се одржи од 17-ти до 21-ви Август на добро познатата локација Ušće. Мотото на годинешниот фестивал е „Забава за сите“ со кое што организаторите најавуваат рекордна посетеност за 5-те фестивалски дена од 1 милион посетители. Со тоа сакаат да го потврдат епитетот на најдобар пиво фестивал во Југоисточна Европа.

Влезот и оваа година е бесплатен, а во музичката програма ќе настапат бројни изведувачи од Екс ЈУ просторите: Дубиоза Колектив, Атомско Склониште, Негатив, Васил Хаџиманов Бенд, Ортодокс Келтс, Филм, С.А.Р.С…, но и светски етаблирани ѕвезди како Simple Minds, Marky Ramone, Mark Knight или The Fires. За жал оваа година нема изведувачи од Македонија ниту на пивските штандови ниту во музичкиот дел. Понудата на пива е доста широка и меѓудругите учесници се набројуваат: Guinness, Carlsberg, Paulaner, Jelen Pivo, Beck’s, Heineken, Amstel, Bavaria, Budweiser, Efes, Staropramen, Lasko итн.

Доколку имаме читатели што планираат или веќе го посетиле Белградскиот пиво фестивал би сакале да ги чуеме нивните импресии.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар