Кригла Пиво

Белгиското пиво на листата на УНЕСКО како културно наследство

Белгиското пиво на листата на УНЕСКО како културно наследство

UNESCO, организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура го додаде белгиското пиво на листата од нематеријални културни наследства во светот. Историјата на производството на пиво кое што го има скоро во секој град, дури и во секое село во Белгија е добро позната насекаде и ова претставува верификација на пивската култура во оваа држава.

Белгискиот министер за култура Sven Gatz го спореди признанието со освојување на Светско Првенство во фудбал, додека Унеско во соопштението нагласуваат дека признанието е многу повеќе од само пиење на пиво, туку истото се однесува и на користењето на пивото од заедниците за готвење, создавање други производи и негово комбинирање со храна. Скоро 1.500 видови на пиво се произведуваат во Белгија, вклучително и познатите Трапист пива.

Погледнете го и видеото изработено од UNESCO за пивската култура во Белгија:

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар